Аутомобиле СК донираше возила за Министерството за здравство

ОБЈАВЕНО НА:

По примерот на компаниите од светот од автомобилската индустрија и во Македонија, увозникот на возила од програмата на Fiat, Jeep и Alfa Romeo се приклучи во борбата против коронавирусот.

Свесни за потребата од заедничка поддршка и солидарност во ситуацијата во која се наоѓаме овој период, Аутомобиле СК, ексклузивниот увозник за Fiat, Fiat Professional, Jeep и Alfa Romeo, донираше четири возила на Министерството за здравство за помош при секојдневното функционирање на оваа исклучително важна државна институција во борбата против COVID – 19.

Аутомобиле СК донираше две возила Fiat Doblo, едно Fiat 500L и едно Fiat Tipo cо вкупна вредност од 67420 евра.
Преку оваа донација искрено веруваме дека ќе го олесниме работењето на Министерството за здравство и ќе дадеме свој придонес за побрзо надминување на сите предизвици и тешки моменти кои ги наметна оваа светска пандемија.

Заедно се грижиме за колективното здравје! #останетедома

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK