Фабрика од Србија направи универзален полнач за автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Фабриката за електро-материјали и алати „FEMAN“ од Јагодина произведе универзален полнач за електромобили, а батерија од 24kWh ја полни за 20 минути. Полначот е софтверски прилагоден на електромрежата и може да се постави на сите објекти кои имаат довод за индустриска струја, има конектори и за американски, јапонски и европски возила, а успеа да ги помине сите атестови, рамен е на светскиот, а четирипати поевтин од него, велат стручњаците од фабриката.

Покрај тоа има„интеграција за неколку решенија за плаќање овозможува лесно и сигурно плаќање по пат на терминалите за плаќање, опремен е и со интернет апликации кои на корисниците им даваат можност за едноставно приклучување на нивниот уред на различни софтверски системи на енергетските мрежи“, објаснуваат од Feman.

Овој уред е тежок 270 килограми, наменет е првенствено за обезбедување на сообраќајна инфраструктура на електрични возила, како станица за полнење на автопат, такси стници со електромобили и за инфраструктура на специјални електровозила за паркинг сервиси, паркинзи на супермаркети…

Полначот ги обединува сите три постоечки стандарди кои постојат за полнење, а секој од трите приклучоци има сила од 60kWh. Feman  за овој полнач доби „посебно признани“ Еко автомобил во кој стои дека се доделува „за производство на универзалниот полнач на електромобили“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK