Автомобилските гуми стануваат сè поголеми

ОБЈАВЕНО НА:

Тенденцијата кон „зголемување и ширење“ на автомобилските гуми јасно е забележана во трговијата на мало. Просечната гума во 2020 година ќе биде за околу четири проценти поголема од пред четири години.

„Средниот дијаметар на новите автомобилски гуми се има зголемено од 15,8 на 16,5 инчи во овој период“, велат од порталот Check24. Во исто време гумите станаа и пошироки. Пред четири години таа беше средно 204,5 милиметри, а во моментов е 212,6 милиметри и тенденцијата е зголемувањето да продолжи.

Според порталот најмногу естетски причини ги мотивираат возачите да ги зголемуваат димензиите на гумите. Бумот на СУВ од последните неколку години исто така предизвикуваат доаѓањето на пазарот на пошироки гуми.

Меѓудругото, летните гуми се со 1,2 инчи поголеми од зимските. Тие кои користат гуми за сите сезони, според статистиката избираат најмалку гуми со размер од 15,7 инчи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK