Volkswagen покажа голем интерес за електромобили

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen објави дека уште пред пазарното лансирање на целосно новиот и 100% електричниот модел ID.3 во текот на летото кое следува, компанијата планира да го покаже зголемениот интерес кон 100% електричната верзија на моделот up!- e-up! и електрифицираниот plug-in хибрид Passat GTE.

Од Volkswagen споредулваат дека секој втор купен претставник на up! е од верзијата e-up!, а од почетокот на годината се забележани околу 20.000 нарачки. Во Passat секоја седма зделка е за хибридната верзија Passat GTE.

Сто проценти електричниот e-up! располага со погонски систем со моќност од 83 коњски сили и сериозно зголемување до 260 километри во WLTP режим на полнење во споредба со својот претходник. Цената на територија на Германија е 21.975 евра, а достапен е и еко бонус во висина од нешто над 6.500 евра.

Целосно новата генерација на Passat GTE, која беше претставена во минатата година е опремена со plug-in хибриден погонски систем, максимална моќност од 218 коњски сили. Автомобили нуди работа во три основни режими и тоа: целосно електричен EV, GTE со целосно достапен хибриден погон од 218 коњски сили и 400 Нм и Hybrid, кој се случува при автоматско префрлање меѓу работата на електромоторот (115 коњски сили ) и TSI моторот со внатрешно согорување (156 коњски сили). При избор на работа во трет режим, борд системот ја дополнува батеријата во движење за следна употреба во чист електричен режим кој може да достигне до 56 километри.

Следниот чекор што го планираат во Volkswagen годинава во стратегијата за електрификација ќе биде лансирњето на plug-in хибридната верзија на Golf- Golf GTE. Истата технологија ќе биде лансирана и во портфолиото на Arteon и Tiguan.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK