Податоците од агенцијата за статистика LMC Automotive покажуваат дека во февруари во Западна Европа беше забележан уште еден пад во побарувачката на нови дизел автомобили. Пазарниот дел на овие автомобили се има налаено за 3,1% до 31,8%, а самите продажби достигнале ниво од 305.800 примероци или со околу 55.300 примероци помалку во споредба со февруари во 2019 година.
Најсериозен пад во побарувачката на нови дизел автомобили во Западна Европа во февруари има во Италија каде што продажбите се намалени за околу 24.000 примероци до ниво од 58.000 возила. Сериозен пад отчита и Германија со 10.200 примероци до 82.300 возила.
Кога ќе бидат познати резултатите од месец март бројката и бадот сигурно ќе бидат драстично поголеми.
Единствената земја во Западна Европа со пораст во продажбите на нови дизел автомобили, како во февруари, така и за првите два месеци заедно во 2020 година е Белгија, со соодветни бројки кои се движат од 13.900 до 14.500 возила и од 30.300 до 31.600 автомобили.
После приклучувањате на првите два месеци од 2020 година, дизел автомобилите формираат 31,1% од општиот пазар на новите автомобили во Западна Европа, за разлика од минатогодишниот показател за периодот од 34,5%.