Ferrari почнува со работа на 14 април

ОБЈАВЕНО НА:

Кон крајот на минатата недела, Ferrari објави дека компанијата има зацртано цел да го рестартира производството на 14 април. Од Ferrai велат дека поради исклучително несигурното опкружување создадено со распространетоста на „Ковид-19“, компанијата ги презема сите неопходни чекори за да го обезбеди здравјето и егзистенцијата на своите вработени, како и најдобрите можни параметри за сите акционери.

Најновиот производ на Ferrari, двоседот Roma, беше откриен минатиот ноември и требаше да биде претставен пред пошироката јавност за прв пат во март на откажаниот саем во Женева. Тој модел би требало да биде сега главниот производ на компанијата, и сега е период кога истиот треба да се произведе.

Со вкупна тежина од 1.472 килограми, Ferrari Roma е опремен со 3,9-литарски V осум цилиндричен мотор, кој може да генерира максимална моќност од 620 КС во опсег од 5750-7500 / мин и максимален вртежен момент од 760 Nm од 3000 до 5750 / мин.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK