Кој има поцврсти стакла: VW Golf или Tesla Cybertruck (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Сигурно се сеќавате на „инцидентот“ што се случи на презентацијата на новиот Tesla Cybertruck кога стаклото на предното седиште пукна при удар со метално топче. Тоа го стави на ѕидот на срамот Елон Маск и јавноста постојано „твиташе“ во врска со она што му се случи.

Еден германски ентузијаст кој има свој Јутјуб канал сакаше да покаже кој има поцврсти стакла, VW Golf или Tesla Cybertruck! Или можеби да покаже дека германците произведуваат поквалитетни возила, а Golf иако е со постар модел е навистина издржлив.

За да го покаже и докаже тоа користеше метален „токмак“ тежок 1,5 килограм обидувајќи се со сила да го скрши задното стакло на Golf. Видеото покажува колку се цврсти тие стакла, и колку му требаше на јутјутерот да ги скрши.

А во прилог е моментот од промоцијата на tesla Cybertruck И како пукна тоа стакло.

Се разбира немојте дома да се обидувате да проверувате колку и дали и стаклата на вашиот автомобил се цврсти.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK