И Финска доби електричен суперавтомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред неколку години Хрватска го доби својот суперавтомобил, а неодамна Турција и Данска, сега Финска е следната земја во низа која може да се пофали со електричен суперавтомобил.

Станува збор за концепт Tritium дизајниран и развиен од истоимената компанија која истиот премиерно требаше да го претстави на TopMarques саемот во Монте Карло во јуни годинава. Сега веројатно ќе се бара ново место за промоцијата на автомобилот.

Според тврдењата на производителот, овој целосно електричен автомобил е со автономија од 300 км, а вкупната моќност изнесува 680 КС. Во изработката на конструкцијата користени се јаглеродни влакна и други композитни материјали кои обезбедуваат цврстина, но и мала тежина.

Tritium

Вкупно ќе бидат произведени само 11 примероци, а цената на секој од нив ќе изнесува нешто над еден милион евра.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK