Ако при неговото појавување, за Tesla многуминаа сметаа дека ќе биде бренд во минување и дека нема да може да се снајде во оваа индустрија како минува времето секој производител размислува или веќе има зацртано модел со кој ќе се обиде да му конкурира на Tesla. Така е и со Porsche, од каде веќе размислуваат за вториот целосно електричен модел кој како цел ќе има напад токму на модел на Tesla – модел Y.
Од 2014 година досега има над 100.000 продадени возила, и Macan стана еден од најуспешните модели на Porsce. Следната генерација на овој бестселер ќе биде радикално различни автомобили и за 1,5 година ќе биде и целосно електричен, тврди Auto Express.
Новиот Масан ќе биде базиран на платформата Prеmium Platform Electrcs (PPE) развиена во целост од Audi. За купувачите со потрадиционални барања во однос на мотори со внатрешно согорување стариот модел ќе продолжи да се произведува уште извесен временски период.
Дизајнот за електричниот модел, Масан ќе земе мотиви од надворешноста на Taycan. Силуетата на SUV возило ќе ги задржи карактеристичните црти на моделот, и патниците одзади ќе имаа повеќе простор поради не постоењето на тунелот за трансмисијата.