FCA и Ањели донираа 10 милиони евра и 150 респиратори во Италија

ОБЈАВЕНО НА:

Италија е најпогодената европска земја од коронавирусот. Економистите предвидуваат тешки денови за економијата на оваа земја, а најпогоден европски производител е FCA.

Оттука италијанскиот производител како и семејството Ањели кој е доминантен сопственик на италијанско-американскиот производител активно се вклучи во борбата против оваа епидемија.

Самото семејство Ањели донираше 10 милиони евра за италијанската јавна заштита. Најголем дел од овие пари се насочени во градот Торино и регионот Пиемонт каде FCA има неколку фабрики и административни објекти. EXOR, Ferari и CNH Industrial кој имаат сопственички односи со FCA и семејството Ањели донираа 150 респиратори за италијанските болници.

Leasys кој е дел од банката на FCA обезбеди неколку возила за дистрибуција на храна и медикаменти на болните за италијанскиот црвен крст. Дополнително, семејството Ањели во соработка со фудбалскиот клуб Јувентус започнаа кампања за донирање и прибирање на финансиски средства која на социјалните медиуми се води со хаштагот #DistantiMaUniti.

Во наредниот период не се исклучува дополнително вклучување на FCA во надминување на оваа кризна состојба која ќе има несогледливи последици врз самата компанија како и генерално, Италија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK