Ако купите Hyundai и останете без работа – ќе ви покријат до шест рати

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai и Genesis потврдија дека ќе се овозможат покривање до шестмесечни рати од плаќањата за новиот автомобил за лица сопственици на возила од нивниот бренд кои ќе ги загубат работните места заради економското влијание на коронавирусот.

Во известувањето од Hyundai велат дека компанијата ќе изврши покривање до шест месечни рати за сопственици кои ги губат работните места а купуваат или изнајмуваат возило во периодот меѓу 14 март и 30 април 2020 година преку Hyundai Capital. Јужнокорејската марки исто така ќе им понуди на одредени купувачи до 30 април можност да го одложат плаќањето за 90 дена, по барање на клиентот.

Genesis додаде дека исто така, ќе покријат до шесечни рати за клиентите кои купуваат нов Genesis во периодот помеѓу 14 март и 30 април 2020 година и плус може да ја одложаат исплатата за 90 дена на оние кои ќе купаат Genesis G70 од моделската 2019 до 30 април годинава.

Сепак ова е засега програма што ќе биде достапна само за САД, а не и за другите делови од светот. На тој начин сакаат да им покажат на луѓето дека и покрај кризата не треба да се замрзнат потрошувачките навики и дека треба да се купуваат автомобили.

„Ние ја разбираме екстремната неизвесност создадена од коронавирусот и вознемиреноста што ја искусија нашите клиенти и сакавме да им овозможиме да знаат купувачите дека има кому да се потпрат, вели Хозе Муњоз, претседателот на Хјундаи Северна Америка. „Враќањето на програмата за заштита од загуба на работни места во ова досега невидено време ќе им овозможи на нашите клиенти да имаат една работа помалку за која ќе се грижат доколку нешто неочекувано се случи со нивниот статус на работното место“.

Моделите на Hyundai достапни во програмата со за 90-дневната одложено плаќање ги вклучуваат Santa Fe, Tucson, Elantra, Elantra GT, Kona, Venue и Accent.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK