Berlingo е новиот бестселер на Citroen

ОБЈАВЕНО НА:

Нешто пред повеќе од една година од премиерата, третата генерација на Berlingo е најновиот бестселер модел на Citroen. Францускиот производител досега од овој модел на глобално ниво пласираше нешто над 200.000 примероци што е одлична бројка и над првичните очекувања.

Во Европа, од септември 2018 година кога и се појави во производство, Berlingo во сите свои верзии и изведби беше продаден во 150.000 примероци што по моделот C3 го прави втор најпродава на Citroen. Во соодветниот сегмент овој модел учествува со пазарно учество од одлични 16%.

Од Citroen очекуваат дека одличната продажба ќе продолжи и годинава, а веќе кон крајот на следната година се очекува и рестајлинг изведба.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK