Е ова е поддршка: Србија дава до 5.000 евра за купување еколошко возило

ОБЈАВЕНО НА:

Владата на Србија усвои Уредба за условите и начинот на спроведување на субвенционирање на купување нови возила кои имаат исклучиво електричен погон, како и возила со хибриден погон.

Државните субвенции за купување електрични и хибридни возила се движат од 250 евра за електрични мопеди и лесни трицикли, па до 5.000 евра за целосно електрично патничко возило до девет седишта и лесни товарни возила.

Уредбата е дел од спроведувањето на мерките за подбрување на квалитеот на воздухот и донесена е со цел да се унапреди квалитетот на животната средина.

Право на субвенции за купување на возила според Уредбата имаат: правни лица, претприемаци и физчки лица, освeн оние кои го оствариле правото на субвенционирана набавка на патничко возило. Ова не важи ниту за таксисти.

Субвенции има и за плаг-ин хибридите (кои имаат батерија, и истата може да се полни со работа на бензински/дизелски мотор и преку штекер/полнач на струја), како и за електричните возила со продолжена автономија на движење (возила кои покрај електромотор имаат и мал бензински мотор што служи исклучиво како генератор на електрична енергија) е 3.500 евра.

Купување на возила со „обични“ хибриден погон (батеријата не се полни на струја со приклучок) и кои имаат барем еден електричен мотор во хибридниот систем, се субвенционира со 2.500 евра.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK