Кога е вистинско време да го продадете својот автомобил?

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе се одлучите за продажба на својот автомобил, секако би сакале да ја добиете најдобрата можна цена за него. То значи дека продажбата би требало да биде ускладена со побарувачката кај купувачите. Излегувањето на пазаров во вистинско време може да биде од пресудно значење за епилогот на продажбата.

Постојат периоди во годината кои се добри за продажба на некои возила во однос на други, но постојат и оние кои би требало во целост да се избегнуваат.
Крајот на финансиската година е време кога авто куќите и дилерите на половни автомобили тргнуваат во кампања за распродажба за да би успеале што е можно повеќе да го намалат бројот на половни возила кои ги имаат на лагер. Ова за последица би можело да го има тоа што предметот на вашата продажба би добил посилна конкуренција на пазарот и таа продажба со тоа би била отежната освен во случај доколку сакате вашето возило да го замените за некое кое се продава на попуст.

Сезоната на празници спаѓа во период од годината во кој продажбата на автомобили најмногу би требало да биде одложена и препораката е да не се ставаат огласи за продажба во текот на декември и јануари.

Потенцијалните купувачи на стока во овој период од годината имаат поинакви приоритети. Тие предноста при трошење на парите ја даваат на подароци, патувања и забави место на крупни инвестиции, каква што е набавката на автомобилите. Можеби ќе можете да се надевате дека ќе наидете на некој необичен купувач кој на саканата и подарува автомобил за Нова година, но шансите за такво нешто се минимални.

 

Воопшто, зимскиот период во кој спаѓа и споменатата сезона на празници, генерално е за избегнување бидејќи покрај краткиот ден, студот и пасивниот животен ритам, купувачите ваквите инвестиции ги одлагаат за некое друго време.

Најдоброто време за продажба на автомобилот е „будењето од зимскиот сон“, односно период на засилена активност кај луѓето, кој кореспондира со доаѓањето на пролетта воедно е и најдобриот за продажба на автомобили, а потоа на второ место е есента. Сепак, за успешна продажба би требало да се води сметка и за други параметри кои се од значење.

Имено, доколку продавате понов автомобил, потрудете се да го огласите додека е во распон од 50.000 до 70.000 минати километри односно додека е меѓу 3 и 5 години возраст. Со оглед на тоа што во текот на првите пет години од употребата на автомобилот во просег се губат меѓу 15 и 25 проценти од вредноста годишно пресметката вели дека финански рационално се продаваат автомобили на возраст до три години.

Доколку на продажба нудите нешто постаро возило од пет години, потрудете се тоа да го направите пред да ја минете бројката од 100.000 километри. Кога ќе ја минете оваа гранична бројка вредноста на автомобилот драстично почнува д опаѓа и тоа главно од причина што после 100.000 минати километри кај повеќето автомобили почнува сезона на скапи инвестиции во редовно одржување отколку што дотогаш било случај.

За да би постигнале што побрза продажба во ситуација кога сте ги усвоиле претходно изнесените сугестии имајте го на ум и следните совети:

Редовно сервисирајте го возилото и редовно решавајте ги сите ургентни проблеми кои ќе се појават.

-Возилото кое визуелно привлекува внимание, подобро и се продава.

-Шансата да се постигне подобра цена постои кај продажбата на возилата од физички лица отколку кога се продава на плац или од дилери.

-Колку повеќе фотографии ќе има во огласот за продажба, толку е подобро.

Ако продажбата напролет не успее, тука е есента како втор најдобар период во годината за продажба…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK