Од ноќеска: Горивата поевтини за 1,5 до 2 денари

ОБЈАВЕНО НА:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,42 отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката од 2 март годинава.

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2 денари за литар и ќе изнесуваат 62 денари за литар за ЕУРОСУПЕР БС-95 и 64 денари за лиртар за ЕУРОСУПЕР БС-98.

Малопродажните цени наЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се намалуваат за 1,50денари за литари ќе изнесуваат 54,50 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и 43,50 ден/лит за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,495 ден/кг и ќе изнесува 28,895 ден/кг.

Од вечерва на полноќ 00:01 часотна10.03.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 62,00(денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 64,00(денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 54,50(денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 43,50(денари/литар)

Мазут М-1 НС 28,895(денари/килограм)

Следете не и на:

24AUTO NETWORK