Овие автомобили најмногу штетат на околината

ОБЈАВЕНО НА:

Независната студија на ревизорската компанија Deloitte ги покажа производителите односно брендовите чии автомобили најмногу загадуваат, односно просечно испуштаат најмногу CO2 на километар.

На Топ-20 листата на првата позиција е изненадувачки Mercedes чии возила минатата година на еден километар испуштиле 140,9 грама CO2, по возило. Ова е за 1,3% полош резултат споредбено со 2018 година кога во просек испуштале 139,6% по возило.

Во Топ-3 брендови кои испуштаат најмногу јаглерод се наоѓаат и Mazda и Volvo кои исто така споредбено со 2018 година бележат полоши резултати.

Со 130,3 грама на километар на четвртата позиција се наоѓа Audi додека за малку помалку јаглерод испуштаат возилата на BMW, кои споредбено со 2018 година ги намалиле штетните издувни гасови за 1,3%.

Во топ десетте брендови се наоѓаат уште и Ford, Hyundai, Dacia, Opel и Fiat.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK