Купувачите не ги сакаат електричните автомобили, а за тоа говори нивниот интерес, смета првиот човек на PSA Групацијата, Карлос Таварез. Според него, малиот број на полначи за батерии како и спорото полнење се главните две причини за непопуларноста на овие автомобили.
“Во однос на електричните автомобили, благонаклонетоста (на купувачите) може да се случи дури во 2025 година кога цените значително би требало да се изедначат со актуелните модели опремени со конвенционални мотори” додаде Таварез.
И покрај оваа констатација на првиот човек на PSA Групацијата, овој производител во моментов работи на спроведување на планот за plug-in хибридни, но и електрични модели.