Возилата на Suzuku најмногу го зголемиле загадувањето со CO2

ОБЈАВЕНО НА:

За 6,3 отсто повеќе се зголемено испуштањето на CO2 кај возилата на Suzuku во 2019 година, во однос на 2018 покажуваат најновите податоци објавени од JATO Dynamics. За разлика од просечните вредности на CO2 од 114,3 г/км. во 2018, лани возилата на Suzuki испуштале просечно 120,6 г/км. Јапонскиот бренд паднал за две места на листата на 20-те најпродавни модлеи во Европа, според вредностите на Co2 на нивните модели.

Веднаш зад Suzuki се и Ford (+ 4,9 г/км.), Dacia (+4,7) Fiat (+4,1) и Renault (+3,4 г/км.) Иако има континуиран пад на побарувачката за нови дизел автомобили кои важат како „наводни“ големи загадувачи, и бавното присвојување на електричните возила, во Европа веќе трета година по ред се забележува зголемување на просечната бројка на СО2 кај новите продадени автомобили.

Интересно е дека само кај четири бренд има намалување во однос на 2018, а сите други бројки се „во црвено“.

Податоците на ЈАТО Dynamics покажуваат средна годишна вредност од 121,8 грама СО2 на километар, што претставува зголемување во однос на оние 120,5 во 2018 година и 118,1 во 2017 година.

Прочитајте кои брендови имаат најчисти мотори.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK