Откако се одложи саемот во Женева кој требаше да започне на 5 март годинава, се појавија шпекулации дека сите поголеми саеми, вклучително и оној во Њујорк, ќе бидат одложени.
Организаторот на саемот во Њујорк експресно ги демантираше овие гласини и потврди дека одржувањето на саемот закажан за 8 април е сигурно.
“Ние сме во константна комуникација со властите и засега немаме зошто да се грижиме. Саемот на автомобили во Њујорк не е загрозен и по планот ќе се одржи во април”, изјавија од ПР службата на организаторот.
Инаку покрај саемот во Женева засега официјална потврда за одложување има и за саемот во Пекинг кој првично беше закажан за 21 март, а од Србија доаѓа вест дека би можел да се одложи и саемот во Белград закажан за оваа пролет.