Возење на струја е поскапо од дизел!

ОБЈАВЕНО НА:

За возењето на струја се смета дека еколошки и поевтино отколку со класичните мотори со внатрешно согорување. Но, едно истражување на британското издание на What Car го покажува спротивното. Возењето на струја е поскапо отколку користење на дизелски мотор.

Километарот возење со електрично Audi e-Tron по полнење на станицата од синџирот Ionity чини повеќе отколку со дизелскиот мотор на Audi Q7 50 TDI.

За полнење на капацитето на батеријата до 80 отсто на брзите терминали со 350 киловати, сопственикот треба да плати 45,89 фунти (53,81 евро). Ако тоа се претвори во изминат километар тогаш возењето на Audi e-tron би чинело 40 евроцентри, додека ако се користи кросоверот Q7 тогаш цената би била 15 евроцентри.

Но, ако се користи станица за полнење со пониска моќност и се жртвува малку повеќе време тогаш и цената ќе бид епониска. Полнење на 15- киловатни терминали на пример чини 23,28 фунти (27,30 евра), на 50 киловатни – 15,30 евра (17,94 евра), а н а20 киловатни станици полнењето чини само 6,32 фунти (7,41 евро). Меѓутоа, ако полначот е поставен на паркингот, сопственикот ќе мора да плати за електрична енергија и за паркингот.

Во Европа моделот Audi e-tron е достапен во две верзии – 50 quattro и 55 quattro со капацитет од 313 и 360 КС, и батерии со капацитет од 71 и 95 kWh. Поевтината модификација може да мине до 299 км со едно полнење по WLTP циклусот и кај моделот 55 quatro – до 411 км.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK