Половните автомобили поскапуваат!

ОБЈАВЕНО НА:

Забраната на високозагадувачките дизел автомобоили како и воведувањето на строгите WLTP процедури се чини дека не влијаеа многу врз намалувањето на цените на половните автомобили. Напротив, има спротивен ефект.

Популарниот сајт за половни автомобили AutoScout24 во анализата што ја објави на својот сајт наведува дека во јануари годинава споредбено со истиот месец минатата година, цената на половните автомобили во Германија се зголемила за 350 евра.

Така просечната цена на половен автомобил во јануари годинава изнесувала 20.828 евра. При тоа најмногу пораст има забележано кај луксузните автомобили и тоа од 1,5%, но во пораст се и цените кај малите градски автомобили. Просечната цена на половните SUV возила кои се многу популарни во последните неколку години изнесува 27.880 евра.

Сепак се чини дека тоа не пречка да во Македонија минатата година се увезат вкупно 30.237 половни патнички автомобили што е за 8 илјади повеќе во однос на 2018 година. Сега откако се на сила новите давачки за увоз на половни возила по две години повторно е намален бројот на увезени автомобили во јануари.

Според најновите податоци од Царината, во јануари во Македонија се увезени 1224 половни автомобили. За жал кај нас нема статистика на просечната цена на продадените половни возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK