Сериозен проблем со еден од моторите на Toyota – треба да се смени во сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Важат за издржливи и квалитетни возила, но и тие не се без грешка. Поради пукнатини во моторот Toyota ќе има сервисна акција што ќе засега 44.000 автомобили. Поточно, се работи за моделите RAV4, Camry, Avalon и Lexus ES300H. И хибридни модификации исто така се предмет на дополнителна проверка и повикување на сервис.

Причината е потенцијална пукнатина на моторот, што е резултат на производна грешка. Според Toyota, течноста за ладење или маснотии може да протекува низ соседните пукнатини, што ќе предизвика моторот да запре, прегрејување па дури и пожар.

Кампањата за превентивен сервис ги вклучува моделите Toyota Camry 2020, Hybrid Camry, Avalon и RAV4 2019-2020 и Lexus ES300H 2020. Сите модели се опремени со 2,5-литарски четирицилиндричен мотор и се излезени од производните ленти во периодот од септември до декември 2019 година.

Кај неисправните автомобили може да се појави бучава од моторот, чад и прегревање на моторот. Во соопштението на Toyota се вели дека 250 од 44.191 возило што треба да дојдат на сервис ќе треба да се смени моторот, но продавачите ќе треба да го проверат серискиот број на моторот за да се провери дали треба да се смени дел од моторот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK