Ако сте учесник во сообраќајка: Во овие случаи ЗАДОЛЖИТЕЛНО морате да повикате полиција

ОБЈАВЕНО НА:

Некогаш и не поради ваша вина можете да бидете учесник во сообраќајна незгода. Може да минете само со гребаници на автомобилот или со мала материјална штета. Тогаш се препорачува да се пополни Европски извештај и со тој да се заврши постапката, а возилата да се отстранат од патот.

Но, понекогаш еден од учесниците сака да се повика сообраќајна полиција која ќе изврши увид. Тоа значи дека некој ќе треба да го плати излегувањето на полицијата на лице место. Затоа и препорачливо е пополнување на европскиот извештај.

Сепак постојат ситуации во кои ЗАДОЛЖИТЕЛНО морате да повикате полицја.
Полициските службеници на Министерството за внатрешни работи, се должни да излезат на местото на сообраќајната незгода во која е предизвикана мала материјална штета и да извршат увид, ако тоа го бара едниот од учесниците во сообраќајната незгода и тоа во случаи кога:

едно од возилата нема регистарски таблици или истото не е осигурано,
едно од возилата има странска регистарска таблица,
еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни супстанци,
еден од возачите не поседува возачка дозвола од соодветна категорија,
на еден од возачите му е запишана прекршочна санкција – забрана на управување со моторно возило во возачката дозвола односно возачката книшка,
еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци, односно податоците за возилото;
еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода или
ако возачот сам учествува во сообраќајна незгода.

Тогаш повикајте полиција на 192.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK