Седанска изведба на Polo доаѓа во Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen ќе лансира седанска изведба од моделот Polo која ќе биде наменета за рускиот пазар. Ова го соопшти германскиот производител кој објави цртеж од можниот изгледа на овој седан. Истиот се базира на моделот Rapid кој како седанска изведба беше претставена неодамна, исто така за рускиот пазар.

Должината на овој седан ќе изнесува 4.483 мм, ширината е 1.706 мм, висината 1.484 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.602 мм. Овие димензии овозможуваат комфорност во внатрешноста, но и голем багажен простор од 550 литри.

 

Volkswagen Polo Sedan

Внатрешноста ќе ја следи сегашната филозофија применета кај Scala како и подновениот Rapid додека под хаубата неофицијално ќе дојде со 1,6 MPI атмосферски бензински мотор како и 1,4 TSI турбо мотор.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK