Најевтината Tеslа ќе ја прават Кинези

ОБЈАВЕНО НА:

Гига фабриката во Шангај и развојниот центар кој Tesla планира да го отвори во Кина се само дел од големите планови на Елон Маск за бизнисот. Станува јасно дека се работи за нов компактен електромобил, распространет низ месенџерот WеСhаt oд официјални претставници на компанијата.

Најмалата Tеslа ќе биде проектирана и ќе се склопува во Шангај, откаде ќе се транспортира низ целиот свет. Во дизајнот се забележуваат одредени сличности со Mоdеl Y, но електромобилот е видливо покомпактен и наликува повеќе на градски хечбек.

Ова означува дека ќе биде позициониран под Mоdеl 3 и според сè наликува на тоа дека ќе стане најевтината понуда на компанијата.

Гига фабриката на Tеslа во Шангај почна да работи на 3 јануари. Во моментов таму се склопува Model 3 со 30% локални делови, но до крајот на годината степенот на локализацијата на производството треба да достигне до 100%. Во 2021 година на кинескиот транспорер со капацитет од 250.000 електромобили треба да се качи и Mоdеl Y.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK