Полициски возила не може да влезат во центарот на градот – не ги исполнуваат стандардите за издувни гасови

ОБЈАВЕНО НА:

Има земји каде законите важат подеднакво за сите, вклучувајќи ја и полицијата. Една од таквите земји е и Белгија каде со воведување на новите регулативи за издувни гасови “настрадаа” полициските возила.

За што станува точно збор? Бројни градови во оваа земја по примерот на германските воведуа регулативи според кои не може да се влезе во градот и во центарот на градот доколку автомобилот не исполнува одредени, минимални стандарди за издувни гасови.

Вакви регулативи воведоа Брисел, Антверпен и Гент, а покрај возилата на жителите, со регулативата опфатени се и останатите возила, вклучувајќи ги и оние на полицијата.

Токму голем дел од возилата на полицијата, вклучувајќи ги тука најмногу комбињата, не може да влезат во овие градови поради тоа што не ги исполнуваат минималните стандарди за издувни гасови.

Поради ова, Полицијата распиша тендер за набавка на нови комбиња кои ќе ги исполнат овие стандарди и ќе може непречено да се движат нив овие градови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK