Новиот Seat Leon премиерно на 28 јануари

ОБЈАВЕНО НА:

Се е подготвено за премиерата на новата, четврта генерација од моделот Leon на Seat. Неизвесноста треба да се задржи до 28 јнуари кога е закажана светската премиера.

За таа цел, шпанскиот производител објави тизер видео на кое може да се види дека задните светла се линиски споени односно претставуваат целина. Истите се очекува да се инспирирани од најголемиот SUV во понудата на Seat, моделот Tarraco.

Инаку од претходно е познато и дека овој модел се базира на MQB платформата, а покрај основните бензински и дизелски мотори, во понуда ќе се најде и во хибридна и електрична изведба која ќе биде лансирана година-две по премиерата на основниот модел.

https://youtu.be/SMlTmYlBAa0

Производството и продажбата на овој модел стартува следната година, а во јануари се очекува да бидат познати и почетните цени и останатите технички карактеристики.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK