Во Македонија е 19 години: Колку изнесува просечната старост на возилата во Германија?

ОБЈАВЕНО НА:

Германците се далеку прочуени за нивните навики за често менување на нивните автомобили. Но иако имаат релативно мала старост, сепак возачите во Германија не ги возат најмладите возила.

Најмлади возила од земјите во Европска Унија возат возачите во Велика Британија и тоа од 7,8 години. Потоа следат Австријците со 8,2 години како и Швајцарците со просечна старост од 8,6 години.

Тогаш колку е просечната старост на возилата во Германија?

Според последните статистички податоци, просечната старост на возилата во Германија изнесува 9,3 години. Со ова се руши митот дека во Германија се возат најновите т.е. најмалку стари автомобили. Помлади автомобили отколку во Германија се возат и во Белгија, Ирска, Велика Британија, Австрија, Франција, Швајцарија и Данска.

Од друга страна, најстари возила се возат по патиштата во Литванија и тоа од 16,9 години.

Во Македонија, минатата година, 360 илјади автомобили биле постари од 10 години што претставува 86,7% од вкупно регистрираните автомобили во Македонија. Иако нема точен податок, сепак просечната старост на возилата во нашата земја изнесува 19,1 години.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK