Ќе се анкетира „од врата до врата“ – сакате ли зонско пракирање во Карпош?

ОБЈАВЕНО НА:

Паркирањето станува најскапата инвестиција во Скопје, и откако Центар тоа го регулираше со зонско пракирање, а истото го има и во делови од Аеродром, сега на мета е оптина Карпош. Таму дел од граѓаните имаат проблеми со паркирањето, па затоа од Општината велат дека се размислува за зонско пракирање. Но, последниот збор ќе го имаат граѓаните.

Градоначалникот Стефан Богоев рече дека Општина Карпош е во финална подготовка на анкета со која граѓаните ќе одлучат дали се за регулација на паркирањето. Прво ќе бидат опфатени урбаните заедници Карпош 1 и Карпош 2, а анкетирањето ќе се спроведе теренски, по домаќинства.

-Локалната самоуправа соработува со ЈП ‘Градски паркинг’, со цел да се понуди решение, со кое за резидентите паркирањето би останало бесплатно, за едно, две и три возила. Со регулацијата на паркирањето, ќе се исцртатат дозволените места за паркирање, ќе се ослободат голем дел од тротоарите и зелените површини, и ќе се создадат полесни механизми за санкционирање на непрописно паркираните возила. Доколку постои интерес и од други урбани заедници, Општината ќе продолжи со спроведување на анкетата, рече Богоев.

Во моментов Општина Центар заработува милионски суми од паркирањето, а уште повеќе од казните за погрешно пракирање и подигањето на непрописно паркираните возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK