„Евтините“ авионски летови поскапуваат за најмалку 15 отсто

ОБЈАВЕНО НА:

Во моментов од Скопје има евтини летови кон 30 дестинации а од Охрид кон 7 аеродроми. Само кон Германија летат авиони кон 11 дестинации.

Појавата на евтините авионски компании за многумина значеше можност полесно да ги исполнат своите соништа и да посетат многу места. Секој месец се бележат одлични резултати и се зголемува бројот на превезени патници. Се навикнавме да имаме можност да избираме место кое можеме да го посетиме и притоа да минеме доста поевтино во однос на другите превозни средства.

Но, наскоро ова може да се смени па да бараме алтернативни решенија и да се вратиме на поранешните решенија. И тоа пред се поради поскапувањето што е во најава – за најмалку 15 отсто. За толку би требало минимум да се зголемат цените на авионските билети во Европа.

Причината е што наскоро ќе биде задолжително сите земји во Европа да воведат климатски данок. Тоа најмногу ќе се одрази на нискотарифните авионски компании.

Еколошкиот данок треба да почне да се применува од април 2020 година во Германија. Според првичните пресметки новиот данок ќе ги зголеми цените на билетите на линиите во Европа со минимум 15 отсто.

Се предвидува собраните пари од новите даноци да бидат пренасочени во железницата со цел да се намалат цените на нивните билети. Според европската комисија сите жители на ЕУ треба да се ориентираат кон ова.

Во моментов од Скопје има евтини летови кон 30 дестинации а од Охрид кон 7 аеродроми. Само кон Германија летат авиони кон 11 дестинации.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK