Volkswagen се соочува со казна поради грешка во навигацијата

ОБЈАВЕНО НА:

Дистрибутерот и импортерот на Volkswagen автомобилите во Виетнам се соочува со казна поради грешка во мапата во навигацијата.

Имено, на мапите за навигација во автомобилите на Volkswagen како дел од територијата на Кина е наведена спорна територија за која Виетнам и Кина војуваа во 1979 година.

Станува збор за териториите Чо Банг и Ланг Сон кои се дел од територијата на Виетнам, но истите овие територии Кина ги вбројува како дел од нивната територија.

Поради оваа грешка дистрибутерот VW Vietnam Auto се соочува со казна од 860 до 1.724 американски долари додека компанијата World Auto која ги импортира автомобилите се соочува со двојно поголема парична казна, но и суспензија за работење до девет месеци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK