Lаdа ќе вози нa вoдoрoд

ОБЈАВЕНО НА:

На првиот меѓународен форум во Москва, „Отворени иновации“ ќе биде претствена првата Lada  со електричен погон со горивни клетки. Автомобилот ќе биде изграден на база на моделот Еllаdа – направена за работа на струја.

Водородната Lаdа има електромотор без постојани магнети, 24-киловатчасови батерии, електрохемиски генератор и шишиња за водород под притисок со капацитет од 20 кВтч. Системот дозволува изминување на 300 километри со едно полнење, но на тест прототипот се монтирани помали шишиња и ако обемот им биде зголемен, автономно ќе можат да минуваат до 650-800 километри.

Според еден од творците на водородната Еllаdа, Јуриј Доброволски таа нема шанси за сериско производство. Но, ако им аинтерес тогаш може и да се произведува.

„Ако кон проектот има интерес и се фатиме веднаш за работа, првите тест примероци може да се најдат на патиштата веќе следната година“, вели Доброволски.

Според многумина токму водород, односно горвните келии е иднината, а не електричните возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK