Hyundаi и Kia со доживотна гаранција за проблеми со моторите

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќе од 3.000 случаи на самозапалување на автомобилите Hyundаi и Kiа cо дефектни мотори од семејството Thеtа II го принудија концернот од Ј.Кореја да преземе драстични мерки во обид да ја завладеее надвиснатата закана од 1000 тужби во САД. Од пазарот ќе бидат повлечени над 4 милиони автомобили, а на сопствениците им е ветена доживотна гаранција за проблеми со моторите.

Акцијата засега се однесува на моделите Kiа Sоrеntо, Оptimа, Spоrtаgе, Hyundаi Sаntа Fе и Sоnаtа cо 2.0- и 2.4-литарските бензинови мотори GDI. Kiа ги извести сопствениците на 1,8 милиони автомобили, а Hyundаi  на другите 2,3 милиони.Во рамки на акцијата ќе биде обновен софтверот на моторите за да се избегнат идни пожари.

Точниот износ на обесштетувањето ќе биде одреден до крајот на месецот. За компензации ќе можат да претендираат сопствениците кои имале загуби од поправки или им биле откажани таквите во рамки на гаранцијата.

Во овој момент нема информација дали сервисната акција ќе ги засегне и автомобилите на Hyundаi и Kiа, продадени во другите земји. Недостигаат и податоци за документирани случаи за самозапалување на автомобили со мотори Thеtа II надвор од САД.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK