Honda ја најави новата генерација на Jazz

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на премиерата закажана за 23 октомври на саемот во Токио, Honda објави тизер фотографија од новата, четврта генерација од моделот Fit кој во Европа е познат како Jazz.

Овој модел зазема значајно место во понудата на Honda. Првата генерација е воведена во 2001 година. Седум години подоцна е воведена и втората генерација, додека актуелната генерација е претставена во 2014 година.

Се очекува во понудата да биде достапен со 1.5 литарски бензински мотор и 1.0 литарски турбо-бензински мотор. Година-две подоцна е планирана и електрична верзија.

Во производство, а воедно и во европската понуда, Jazz се очекува да дојде не подоцна од првата половина следната година, а повеќе детали се очекува да бидат обелоденети на саемот во Токио.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK