Во пресрет на премиерата на новата генерација од моделот Yaris, на интернет се појавија првите шпиунски фотографии од немаскираниот автомобил.
Новата генерација се темели на TNGA-B платформата која за прв пат ќе се користи кај овој модел.
Покрај Toyota Safety Sense 2.0 системите за безбедност и асистенција, новиот Yaris доаѓа и со целосно нова внатрешност.
Под хаубата се очекува да дојде со стандардниот 1.5 литарски бензински мотор со 106 КС. Тука се очекува да биде и 1.0 литарскиот и 1.3 литарскиот бензински мотор. При тоа во понудат ќе биде достапен и со мануелен и со автоматски менувач.
Премиерата на новата, четврта генерација е закажана за во октомври, на саемот за автомобили во Токио, а производството треба да започне во првиот квартал следната година.