Акција која не се пропушта – купи Ford и добиј Библија и пушка

ОБЈАВЕНО НА:

Акција која не се пропушта – со овој слоган американскиот дилер на автомобили Caroline Ford се обидува да ја зголеми продажбата на новите автомобили од брендот Ford кого и го застапуваат.

Купувачите кој ќе купат некој од автомобилите во промотивниот период ќе добијат Библија, американско знаме, но и ваучер за купување на пушка од брендот Smith&Wesson во вредност од 400 американски долари.

Дерик Хјуџс за американските медиуми кратко изјави дека оружјето не убива туку луѓето и за сите оние кои не сакаат ваков тип на подарок ќе може да добијат ваучер за купување на спортска опрема.

Ова не е прв пат за некој дилер да се одлучи за ваков тип на акција. Во мај годинава Chatom Ford со секој купен Ford купувачите им подари Библија, американско знаме и сачмарка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK