Една четвртина од младите возачи “дремат” на Фејсбук додека возат!

ОБЈАВЕНО НА:

Речиси 25% од младите возачи ги користат активно услугите на Фејсбук додека возат, покажуваат последните истражувања.

Според резултатите од истражувањето кое е спроведено од страна на Ford, младите возачи помеѓу 18 и 24 години активно го користат својот телефон додека возат “дремејќи” на Фејсбук.

За резултатите да бидат уште позагрижувачки, речиси 30% од Британците прават селфи додека возат, а голем процент од младите Французи и Германци (28%) го прават истото. Значително голем процент од младите во Романија и Италија го прават истото додека возат ризикувајќи го својот, но и животот на останатите учесници во сообраќајот.

Токму и ова се причините за се поголемите сообраќајани несреќи во кои се вклучени младите возачи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK