На патиштата низ светот постојат милиони возачи, а секој од нив има свои навики кои некогаш знаат да бидат опасни. Тие не се опасни само за нив туку и за сите други учесници во сообраќајот. И не само што с еопасни туку и нервираат.
Станува збор за огромен број на вознемирувачки навики кои секако пречат во управувањето на возилото во сообраќајот и секако предизвикуваат закана за сите учесници.
Дел од нив ќе можете да видите и во продолжение.
Со брзина на полжав
Речиси сите се соочуваат со проблемот со возилата кои се движат пред вас, а се движат многу бавно. Не само што е вознемирувачко туку може да биде и опасно особено ако патувате на автопат или пат со многу ленти.
Може да се случи некој да вози зад вас и ако нивната брзина е преголема, постои ризик од судир. Од ова произлегува и следниот проблем.
Движење цврсто еден зад друг
Возењето многу близу до автомобилот пред вас не само што го одвлекува вниманието на возачот пред вас, туку може и да го заслепи од вашите фавори. Тоа не е само грубо, туку исто така и опасна навика и тука се најчестите причини за удари одзади. Дури 30% се од оваа причина.
Овие несреќи доведуваат до повреди, па дури и до смрт.
Надминување на дозволената брзина
Ако мислите дека возите пребногу бавно и дека е опасно и дека е подобро да возите со поголема брзина тогаш вие имате помешано некои работи. На патиштата најчесто има возачи кои не ги почитуваат ограничувањата на брзината. Возењето со брзина над дозволената ве излага и вас и другите возачи на ризик. Вие не само што можете да бидете казнети туку и да предизвикате несреќа.
Долги светла
Иако долгите светла помагаат да се гледа подобро патот во текот на ноќта тие може да предизвикаат проблеми за автомобилите кои доаѓаат од спротивен правец и да го заслепат возачот.
За време на обуката за возење, обично инструкторите информираат дека фаровите може да се регулираат. Левиот фар може да биде регулиран малку надолу за да не свети директно во очите на возачот кој вози од спротивен правец.
Блокирање на левата лента
Голем број на возачи го прават ова, но, сепак, по левата лента мора да има слободно движење за да може да помине возило на Брза помош или да може да помине возач на кој му треба да претекне.
Честа смена на лентите
При движење по пат со неколку ленти треба да се избере една и да се остане во неа. Не е неопходно да се ширите низ целиот пат бидејќи на тој начин го отежнувате движењето. Ако треба да свртите или да претегнете побавен автомобил, користете ги трепкачите и претекнете.
Каде се трепкачите?
Многу често се случуваат сообраќајни несреќи поради несовесни возачи на патот. Користењето на трепкачи е задолжително дури и доколку нема автомобили до вас. Ако секој возеше по правилата тогаш на патиштата сигурно би имало помалку несреќи.
Гласна музика
Понекогаш се чини дека возачите кои тргнале на пат имаат проблем со слухот бидејќи музиката во автомобилите им свири многу гласно. Како резултат на тоа не можат да ги слушнат сигналите, сирените и друго, што води до непријатности.
Расеани возачи
Колку често гледате покрај вас да мине човек зад воланот кој расзговара на телефон или бара нешто во возилото? Најверојатно секој ден. Кога се одвлекува вниманието од патот и читате пораки на телефонот или брзо одговарате на нив тоа може да доста безопасно, но секогаш има голем ризик за несреќа со смртни последици.
Паркирање на места за инвалиди
Овие места се предвидени за лица кои треба да паркираат во близина на влезовите на зградите односно за инвалидите, а не за секој што ќе посака.