Volkswagen во финални преговори со Турција за градење фабрика

ОБЈАВЕНО НА:

Претставници на Volkswagen Групацијата пред една недела изјавија дека во октомври ќе биде донесена одлуката за изградба на фабрика во регионов, но сега бренд менаџерот на Volkswagen ја наговести одлуката.

Андреас Тостман објави дека неговата компанија е во финални преговори со Турција и дека одлуката е речиси позната.

Инвестицијата на Volkswagen во оваа фабрика би изнесувала околу една милијарда евра, а планот е годишно да може да произведува над 300 илјади автомобили. Се очекува фабриката да биде изградена во близина на градот Маниса кој го победи Измир во битката за оваа фабрика и ќе вработува околу 4.000 работници.

Покрај автомобили од брендот на Volkswagen, во фабриката ќе се произведуваат и автомобили од брендовите на Skoda и Seat.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK