Nissan го објави новиот Patrol

ОБЈАВЕНО НА:

Nissan конечно ја претстави новата, седма генерација од SUV моделот Patrol. Актуелната шеста генерација во понудата е уште од 2010 година со што конечно Patrol добива модерни елементи кои го прават на рамниште како и конкуренцијата.

Она што се забележува на прв поглед е целосно новиот дизајн. Тоа ваши и за екстериерот, но и за ентериерот.

Во внатрешноста доаѓа со нов управувч, два дисплеи осетливи на допир, нови седишта. Тука е и новиот инфотејнмент систем со последната генерација на Android Auto и Apple CarPlay.

Nissan Patrol

Под хаубата доаѓа со 5.6 литарски V8 мотор со 400 КС и 560 Nm во комбинација со седумстепен автоматски менувач, но и погон на сите четири тркала. Во понудата достапен е и 4.0 литарскиот V6 мотор со 275 КС и 394 Nm обртни моменти.

Nissan Patrol

Цената на новата генерација како и датумот на отпочнување на производство и продажба остануваат непознати.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK