На саемот во Франкфурт Volkswagen уште еднаш ги потврди своите планови за развојот на електричните автомобили, а по премиерата на ID.3 го потврди и доаѓањето на уште еден електричен модел – ID.4.
Како што се дознава од германскиот производител, сериската верзија на концептот ID Crozz својата премиера ќе ја има во февруари следната година и тоа под називот ID.4. Овој модел како и ID.3 се темели на новата модуларна MEB платформа развиена од страна на Volkswagen Групацијата, а во поглед на димензиите е за малку поголем.
Ќе располага со два електрични мотори и погон на сите четири тркала. Предниот мотор се очекува да развива моќност од 102 КС додека задниот од 204 КС. При тоа батеријата би имала капацитет од 93 kWh.
Ценат на овој модел останува непозната и се очекува да биде откриена на самата премиера кога ќе бидат достапни повеќе технички информации.