Ова е уметност: Ja нацрта „Тајната вечера“ на шофершајбна (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Младите луѓе често во желба да се пошегуваат знаат на некој многу извалкан автомобил да напишат: „Измиј ме“. Не е ништо ново со оглед на тоа што често се случува да има валкани автомобили.

Сепак, има и такви коишто се обидуваат да создадат уметнички дела на валканите автомобили. Сепак, Димо Томиќ е оној што достигна вистинска уметност бидејќи ја наслика „Тајната вечера“ на задната шофершајбна полна со прашина.

Леонардо да Винчи, кој е автор на оригиналот дефинитивно би бил воодушевен кога би видел како изгледа неговото дело од 1489 година на шофершајбна на автомобил.

„Тајната вечера“ може да се види во црквата во Милано, но зошто да се оди толку далеку.

Детален приказ на последната вечера на Исус Христос може да се види и на задната шофершајбна на Ford Mondeo.

Во овој случај за жал, нечистотијата  може лесно да се измие и ремек делото да го снема за миг.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK