Viloran е новиот модел на Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

Деновиве на интернет се појави фотогрфија од нов автомобил именуван како Viloran. Најпрво се појавија шпекулации дека станува збор за нов SUV кој ќе биде наменет за некои од регионалните пазари, но сега се појавија и првите официјални информации.

Станува збор за MPV модел кој доаѓа во понудата на местото на Sharan, но не е познато дали тоа ќе биде глобален модел или наменет само за Кина. Со оглед на тоа што е долг 510 см, нешто повеќе од Sharan, голема е веројатноста дека тој да биде резервиран за Кина каде уживаат во долги автомобили.

Нема други официјални информации, особено за техничките карактеристики. Најверојатно се базира на MQB платформата, а во понудата меѓудругото ќе биде достапен и со 2.0 литарски четирицилиндрен турбо бензински мотор со 220 КС и 350 Nm обртни моменти.

Според кинеските медиуми предниот дел на автомобилот дизајнерски е идентичен како и Touareg, а цената се очекува да биде околу 40 илјади евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK