За вештачки звук кај Porsche Taycan ќе треба да платите 500 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Со експанзијата на електричните автомобили неопходно беше промена на законската регулатива. Така поради нечујноста на електричните автомобили Европската Унија, но и САД воведе регулатива според која овие возила ќе мора да испуштаат вештачки звук.

Porsche веќе објави дека за додавање на вештачки звук купувачите ќе мора да доплатат 500 евра односно дека станува збор додатна опрема.

Станува збор за Electric Sport Sound (ESS) системот кој емитира звуци во внатрешноста на кабината, но и надворешноста на автомобилот. Целта е да се предупредат останатите учесници во сообраќајот како што се пешаците, велосипедисите и останатите возила за движењето на возилото.

Засега останува нејасно дали возачите ќе имаат можност да одбираат повеќе звуци.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK