Чувајте се од нив, тоа се најопасните возила!

ОБЈАВЕНО НА:

Ескспертите за безбесност на патиштата во САД направија интересно рангирање, со што покажаа кои автомобили се најопасни за учесниците во сообраќајот. Поконкретно станува збор за предизвикувачите на несреќи со фатален крај односно возачи на кои автомобили најчесто се склони кон неодговорно возење.

Составувачите на овој рејтинг ги одредуваат и трите најчести причини за смртоносни сообраќајни несреќи, а тие се: зголемена брзина, алкохол и наркотици. Најопаснисе покажале возачите на Infiniti, кои причинуваат тешки сообраќајки, со оглед на тоа што секоја трета несреќа поради зголемена брзина е со автомобил од овој бренд.

Брендовите Асurа, Mеrсеdеs-Bеnz и Lеxus исто така имаат високи показатели. На таканаречените премиум брендови се паѓаат 27% од смртоносните несреќи. Можете да ги видите и рангирањата на тешки сообрќајки при консумирање на алкохол, возење со преголема брзина, како и при земање на марихуана и тешки наркотици.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK