SEAT ќе ја подобрува безбедноста на велосипедистите

ОБЈАВЕНО НА:

Шпанската мултинационална телекомуникациска компанија Telefonica, заедно со DGT и SEAT ќе ја подобруваат безбедноста на велосипедистите.

Овие три компании го презентираа проектот според кој со помош на IoT (Internet of Things) технологија ќе се зголеми безбедноста на велосипедистите, а целта е да се редуцира бројот на несреќи во кои се вклучени велосипедистите.

Оваа технологија ќе биде применлива во два случаи. Првиот, кога велосипедистот вози покрај автомобилот и вториот кога на патот има запрено возило, а велосипедистот се приближува кон истиот.

Ќе функционира на тој начин што дрон ќе испраќа фотографии од терен до главниот сервер кој пак ќе продуцира информации на DGT 3.0 платформа преку мобилната мрежа на Telefonica.

Најголем удел во прибирањето и складирањето на информациите ќе имаат автомобилите на SEAT кој ќе бидат постојано конектирани со TCU (Telematic Control Unit). И возачите на автомобилите и на велосипедите ќе продуцираат, но и ќе ги користат информациите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK