Топ -10 најпродавани SUV возила во светот

ОБЈАВЕНО НА:

Со сумирањето на продажните перформанси од сите пазарни региони во светот за првите шест месеци, познати се SUV возилата кои се најпродавани односно најпопуларни за првата половина годинава.

На лидерската позиција на листата се наоѓа Toyota RAV4 со продадени 441.581 возила што е пораст од 8,4% споредбено со истиот период минатата година. На втората позиција се наоѓа уште еден јапонски SUV. Станува збор за моделот CR-V на Honda кој е продаден во 381.464 примероци.

На третата позиција е Volkswagen Tiguan со продадени 370.694 примероци. Tiguan заедно со Mercedes GLC на 10-та позиција се единствените европски SUV модели на оваа листа.

Помеѓу 3-та и 10-та позиција се наоѓаат уште Hyundai Tucson, Kia Sportage, Nissan Qashqai, Chevrolet Equinox, Mazda CX-5 и Nissan Rogue.

За жал ваква или слична статистика не може да се направи за Македонија бидејќи дел од македонските импортери не ги објавуваат јавно своите продажни бројки, а ниту комората на автомобилските увозници нема точна бројка на продадени возила во Македонија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK