Верувале или не, тоа е Мocквич-2141 (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во последниот период меѓу големиот број на познати автомобили се појавија и голем број на преработки, а ателјеата за преработка на возилата имаат доста нови возила. Еден таков е и Black Hawk, автомобил кој се базира на Мocквич-2141. Крајниот резултат е спортски автомобил, а дизајнот му е позајмен од автомобилите од GTА III.

Преправката е направена од Русин од градот Уфа, кого сите го нарекуваат дедо Миша. Автомобилот е правен во неколку етапи, а првата идеја на дедо Миша била да направи подобра аеродинамична каросерија.

Подоцна ја менува и предницата, а неколку месеци подоцна одлучува да ја смени и целата надворешност на Москвичот. Така покривот е спуштен и закосен, монтирани се фавори од Mitsubishi Lаnсеr, но и нови браници.

Следувала преработка и на задниот дел од возилото по што продолжила работата над Мocквич-2141 Blасk Hаwk со интегрирање на антикрило и широки гуми.

Под хаубата е монтиран дволитарски мотор со авијациски турбокомпресор. Моќноста на мотор е со 150 коњски сили, а максималната брзина надминува 200 км/ч. Ова не е сè бидејќи дедо Миша продолжува и понатаму да го усовршува својот Москвич.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK