Војната продолжува – Кина воведе нови царини вредни 75 милијарди долари

ОБЈАВЕНО НА:

Трговската војна на релација Пекинг – Вашингтон влегува во нова фаза. Според твитот на Доналд Трамп од септември царините за кинеските производи ќе се зголемат за дополнителни 15%.

Ова ги иницираше кинеските власти да воведат контра царини. Така сега Кина воведува царини во висина од 75 милијарди американски долари на производи од САД.

Оваа трговска војна најмногу ќе ја погоди автомобилската индустрија на две земји. Така извозот на автомобили во Кина ќе биде дополнително оптоварен за Ford, Tesla, Daimler и BMW кои во моментов на кинескиот пазар пласираат некои од моделите произведени во САД. Дополнително, со оваа војна значително ќе бидат погодени и Jeep и Lexus кои исто така извезуваат во Кина од САД.

Минатата година од САД во Кина се извезени 190 илјади автомобили што е пад од 35% во однос на претходната, 2017 година. Експертите сега предвидуваат дека извозот од САД во Кина дополнително ќе се намали за од 50% до 75%, а најмногу ќе биде погоден BMW кои во Кина од САД извезува дури четири модели.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK