Мотоциклист од САД кој се натпреварувал на мото трката NHRА Nоrthwеst Nаtiоnаls за време на квалификациите доживеал несреќа.
Бо Лејн не успеал да ја задржи контролата на својот мотоцикл, кој го управувал со преголема брзина и се судрил во една од заштитните огради.
Брзината со која се движел е 340 км/ч, но вистинско чудо е како успеал да преживее, па дури и да мине без повреди.
Веднаш после несреќата бил пренесен во болница, но после прегледите е заклучено дека тој имал само полесни повреди, па брзо бил пуштен од болница и можел да си замине дома.